156
Селекторот на Македонија, Благоја Милевски од денеска ги има на располагање повиканите репрезентативци за дуелите со Фарски и Ерменија во стартот од Лигата на Нации.
Македонија на 7 септември ја очекува гостување во Торшван, додека три дена подоцна во Скопје ќе бидеме домаќини на Ерменија.
За овој собир во составот на Милевски има и еден дебитант, Кристијан Трапановски кој одлино се снајде на почетокот на неговата епизода во Шкотска во тимот на Данди Јунајтед.