Ставрев судиската кариера ќе ја заврши на Драгао во Порто

by riste
1 минути читање

Најдобриот македонски судија, Александар Ставрев веќе се збогува со македонскиот фудбал, а во четврток ќе го има крајот и на меѓународната сцена.

Дуелот меѓу Работнички и Пелистер беше последен за Ставрев на македонската сцена, му остана уште една задача пред да отиде во пензија.

УЕФА му го додели натпреварот од Лига Европа меѓу Порто и Митјиланд, што значи дека Александар Ставрев судиската кариера ќе ја заврши на легендарниот „Драгао“ стадион.

Тоа ќе биде последен меч и за неговиот помошник Дејан Костадинов кој исто така се збогува од судењето.

На Драгао втор помошник ќе биде Гоце Петрески, а четврти судија Игор Стојчевски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани