Србија имаше разочарувачки настап на Европското првенство, а речиси редовно оваа селекција ја следат и скандали за време на настапите на големите турнири, ништо по различно не беше и овојпат.
Српски „Телеграф“ денеска излезе со вест дека голманот на српската репрезентација, Вања Милинковиќ-Савиќ се тепал во кафеана пред натпреварот против Данска.
Привчната информација која ја добил весникот била дека одреден навивач му дофрлил на голманот, го прашал што бара тука, нели треба да биде во карантин. Вања му се пуштил и почнала визичка пресметка во која реагирало обезбедувањето.
Сепак, сопственикот на локалот има поинаква верзија, тој за „Телеграф“ раскажа поинаква приказна која можеби и да претходела на споменатиот инцидент.
„Вања дојде во нашата кафеана, но обезбедувањето на влезот не го препозна и не сакаше да го пушти внатре бидејќи беше во шорцеви од репрезентацијата, тоа него го налути и дојде до расправија. Јас брзо се вмешав, го фатив за рака и му реков да влезе со мене, но тој одби. Се се случи во дворот на локалот. Што му дофрлувале и што меѓусебно збореле, не сум слушнал. Мило ми е дека на крајот се се реши“, изјави сопственикот на локалот.