Фудбалерите на Србија во вторник ќе се судрат со Данска на „Алијанц Арената“, во натпревар кој е клучен за нивната иднина на Европското првенство.
Сè освен победа веројатно ќе значи елиминација уште во групната фаза, а на средбата со медиумите пред мечот се обрати селекторот Драган Стојковиќ Пикси.
— Fudbalski savez Srbije | FA of Serbia (@FSSrbije) June 23, 2024
Поради начинот на кој зборуваше, навивачите на Србија во коментари го „распнаа“ селекторот. Фановите сметаат дека Пикси бил пијан поради завлекувањето на зборовите, а ако не тоа алудираа дека можеби користи други недозволени супстанци.