Српскиот репрезентативец е „отпишан“ во Јувентус – последниот потег на Мота е доказ

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Јувентус го објави списокот на фудбалери кои ќе имаат право за настап во новото издание во Лигата на шампионите и на него немаше место за српскиот репрезентативец Филип Костиќ.

Костиќ се поврзуваше со заминување, но и по крајот на преодниот рок во најсилните првенства остана член на „старата дама“.

Ваквиот потег е доказ дека тренерот Мота не смета сериозно на него.

Матија Перин, Гелсон Бремер, Федерико Гати, Мануел Локатели, Данило, Франциско Консеисао, Теун Копмајнерс, Душан Влаховиќ, Нико Гонзалес, Аркадиус Милик, Пјер Калулу, Вестон Мекени, Артур, Кефрем Тирам, Николо Фаџиоли, Луиз, Андреа Камбијасо, Мишел Ди Грегорио и Хуан Кабал се фудбалерите од „А“ листата на тренерот на „старата дама“.

На „Б“ листата место добија: Кенан Јилдиз, Анхел, Николо Савона, Џовани Дафара, Руи и Самуел Мбангула.
Новата сезона во Лигата на шампионите Јувентус ја започнува на 17 септември против ПСВ, а во првата фаза ќе игра против: Лајпциг, Штутгарт, Лил, Астон Вила, Манчестер Сити, Клуб Бриж и Бенфика.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани