259
Репрезентативецот на Србија, Ѓорѓе Петровиќ се наметна како прв голман на Челси, но изгледа дека „сините“ имаат поинакви планови за во текот на летото.
Според информациите на „Би-Би-Си“, Челси е заинтересиран да го доведе Андреј Лунин и во таква ситуација Петровиќ веројатно ќе ја промени средината.
Островските медиуми веќе пренесуваат и дека Џенова е заинтересирана за српскиот голан, но цената која ја бара поранешниот европски шампион била превисока за италијанскиот клуб. Засега не се открива за колкава сума станува збор.
Инаку, Џенова се поврзуваше и со ангажман на македонскиот напаѓач Бојан Миовски (ТУКА).