Европското првенство е на прагот, па стандардно пред секое големо натпреварување излегуваат интересни факти, податоци и информации.
Српските медиуми како и пред стартот на минатиот Мундијал, споделија во што нивната селекција е „најдобра“. Имено, репрезентацијата на Србија одново е највисока меѓу 24. селекции кои ќе играат на континенталниот собир, слично како и во Катар.
Највисок член на репрезентацијата на Србите е голманот Вања Милинковиќ Савиќ со 202 сентиметри, а потоа следат Никола Миленковиќ (195), Страхиња Павловиќ (194), Сергеј Милинковиќ Савиќ (192), Душан Влаховиќ (190).
Просечната висина на Србија е 186 сентиметри, а второто место е Словенија со 185. Најниска селекција во просек на шампионатот ќе биде Шпанија со 181 сентиметар.