Србија порача: Казна за Албанија и Хрватска или ние си одиме од ЕП!

by 24 фудбал
1 минути читање

Српскиот фудбалски сојуз упати барање до УЕФА за казна на Албанија и Хрватска поради навредливото скандирање за време на нивниот меч на Европското првенство.

Повеќе пати во текот на натпреварот од трибините се слушаше „Убиј го Србинот“, а на тоа имаше жестоки реакции. Генералниот секретар на ФСС, Јован Шурбатовиќ нагласи дека федерацијата бара казни. Во спротивно Србите се подготвени дури и да отстапат од турнирот.

„Тоа што се случи беше скандалозно. Бараме санкции од УЕФА, дури и по цена ние да не го продолжиме нашиот настап на Европското првенство“, изјави Шурбатовиќ.

УЕФА нема многу толеранција за мешање на политиката во спортот, па се очекува да изрече санкции за фудбалските сојузи на Албанија и Хрватска за однесувањето на нивните навивачи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани