Србите направија скандал: По европската победа си го присвоија шампионот на БиХ! (ФОТО)

by Стефан
2 минути читање

Фудбалерите на Борац на Македонците Бобан Николов и голманот Дамјан Шишковски вчера го победи АПОЕЛ со 1:0 и така ја остварија првата историска победа.

Бобан Николов на теренот беше до 58. минута, додека Шишковски остана на клупата бидејќи од почетокот на сезоната ја има улогата на резервен голман.

Но овој натпревар предизвика реакции и поради текстот на српскиот медиум „Б92“ на кој реагираа во Босна.
Во својот текст „Б92“ напиша дека Борац е „првиот српски клуб кој славел на гости во Европа по две години“. Тоа ги налути во Босна каде што Борац се натпреварува.

„Борац е шампион на Босна и Херцеговина и има трофеј за најдобар клуб во Босна и Хеерцеговина игра во Европа под знамето на Босна и Херцеговина и придонесува за европскиот коефициент на Босна и Херцеговина на УЕФА листата.

Доколку новинарите на „Б92“ не се сигурни можат да ја погледнат мапата на светот и да видат дека Босна и Херцеговина е држава која граничи со нивната и во Босна не постојат „српски“, „хрватски“ или било какви други клубови…“, стои во текстот на „Klix.ba“ како одговор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани