Србите ликуваат: Албанците и Хрватите заедно пееја убиј ги Србите – сега заедно испаднаа!

by riste
1 минути читање

Дел од српските навивачи вчера се радуваа на неуспесите на Албанија и Хрватска кои го завршуваат настапот на Европското првенство. Хрватите имаат теоретски шанси за место во нокаут фазата, но тоа е многу тешко остварливо.

Италија во 98. минута со гол на Закањи ја расплака Хрватска, а Албанија загуби од вториот состав на Шпанија со 1-0. Тоа значеше крај на престојот на Европското првенство.

Ваквиот расплет на настаните предизвика радост кај добар дел од навивачите на Србија кои на социјалните мрежи фаќаа сеир.

„Пред една недела хрватските и албанските фанови заедно пееја „Убиј ги србите“. Сега заедно си одат дома“, беа дел од коментарите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани