233
Спортската јавност во Србија најави сензационална вест дека Јоаким Лев би можел да го наследи Драган Стојковиќ – Пикси на селекторското столче.
Сепак, веднаш притистигна демант од Германија. Угледниот „Билд“ откри дека го контактирале агентот на Лев и добиле негативен одговор околу можност за негов ангажман во Србија. Според агентот, воопшто немало преговори во Германија како што се најавуваше низ српските медиуми.
Инаку, Јоаким Лев е светски првак со Германија во 2014 година, а во 2010 освои бронза. Тој 15 години ја водеше селекцијата на „панцерите“ (од 2006 до 2021). Откако замина од клупата на репрезентацијата, Лев е без ангажман.