126
Ивица Илиев, спортскиот директор на Партизан, удри по играчите и дел од засилувањата по убедливиот пораз од Црвена Звезда (0-4).
Човекот кој неодамна пристигна во управата на клубот, зборуваше критично особено кон странците. Илиев воопшто не ги штедеше странските фудбалери во тимот.
„Одигравме понижувачки, Црвена Звезда е многу напред во однос на Партизан. Ова е можеби најслабиот тим на Партизан во последните три-четири децении. Изборот на играчи е лош. Странците не може ниту да се каже дека се засилувања, тие се инфериорни, дури можам да кажам аматери. Понижувачки е за клубот“, изјави спортскиот директор Илиев.
Ова беше најубедливиот пораз на Партизан на домашен терен од Црвена Звезда во клупската историја.