Струга со 2-1 го победи Пјуник во првиот натпревар од квалификациите во Конференциската лига, Стефан Спировски со маестрален погодок беше херој на овој меч.
Натпреварот кој се играше во Охрид на стадионот „Билјанини извори“ почна возбудливо. По фаул над Кехинде, Струга доби пенал, а Ибраими во осмата минута ја реализираше најстрогата казна за водство на домаќините од 1-0.
Струга како што поведе, така и прими гол. Беше досуден пенал на спротивната страна, Вилела реализираше од белата точка за Пјуник за израмнување на 1-1. Со тој резултат заврши првото полувреме.
Еден од најважните моменти се случи во 60. минута кога Вакуленко неспортски го удри Кехинде и заработи директен црвен картон. Пјуник остана со фудбалер помалку.
По тој момент Струга ги зачести нападите кон голот на гостите а таквата игра вроди со плод.
Во 73. минута Стефан Спировски со маестрален удар од далечина постигна гол за водство и победа на Струга од 2-1.
До крајот на мечот македонскиот шампион имаше уште неколку шанси да оствари и поуебдлива победа, но не успеа да даде и трет гол.
Реваншот во Ерменија е за шест дена.