Специјален дрес, посебна кореографија и големи овации за легендарниот Пепе!

by riste
1 минути читање

На денешниот меч меѓу Португалија и Хрватска од Лигата на нации, му беше оддадена посебна почит на Пепе кој претходно објави крај на кариерата.

Пепе до последните моменти од кариерата го носеше португалскиот дрес, имаше фантастични настапи на Европското првенство во Германија каде се најде и во тимот на шампионатот.

Денеска пред мечот против Хрватска, доби дрес од Португалија со бројот 141 колку што има настапи за репрезентацијата, од навивачите доби спектакуларна кореографија и големи овации од целиот стадион.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани