19
Саудиска Арабија го доби домаќинството на Светското првенство во 2034 година и во следниот период се очекува сериозно подобрување на инфраструктурата во оваа земја.
Слично како што беше во Катар, така и Саудијците ќе градат стадиони за овој собир. Дури 11 од 15. домаќини стадиони ќе бидат нови, меѓу кои и оној за финалето.
Се очекува следната година да започне градењето на стадионот „Кинг Салман“ со капацитет од 92.000 седишта. Овој стадион се очекува да биде револуционерно чудо, а првичните нацрт проекти изгледаат навистина лудо.