Вчерашните натпревари од Ла Лига имаа совршена завршница, Атлетико Мадрид и Севиља одиграа меч со пресврти и седум голови кои го добија домаќините со 4-3.
Мечот почна идеално за Атлетико Мадрид, поведоа уште во 10. минута со гол на Де Пол.
Но, само две минути подоцна Лукебакио изедначи на 1-1, а во 32. минута Ромеро постигна гол за комплетен пресврт и предност на Севиља од 2-1. Тоа беше резултатот по првото полувреме.
По 12 минути игра во вториот дел Санчез даде гол и ја зголеми предноста на Севиља на 3-1, Атлетико Мадрид беше во неволја.
Пет минути подоцна Гризман намали на 2-3 и ја врати надежта на Атлетико Мадрид дека нема да остане без бодови од овој натпревар.
Во 79. минута Лино изедначи на 3-3, а во четвртата минута од судиското продолжение Гризман даде уште еден гол за победа на Атлетико Мадрид од 4-3.