Рома го победи Милан во пријателски натпревар за крај на сезоната и тоа во голеада со седум погодоци (5-2).
Пресметката се одигра на „Оптус Стадион“ во австралискиот град Перт, а клубовите ќе добијат премии бидејќи по крајот на италијанската сезона прифатија да гостуваат во земјата на кенгурите за овој меч.
Стартните состави беа навистина респектабилни, за Милан последен пат тргна Оливие Жиру, а играа Реиндерс, Хернандез, Калабриа, Флоренци… Слично беше и кај Рома, со Свилар, Дибала, Абрахам, Ауар, Смолинг…
Стрелците беа расположени и паднаа дури седум гола. Балданци донесе водство за Рома, а следеше ефектен гол на Хенандез за 1-1. До полувремето предноста на тимот од Рим ја врати Абрахам. Во вториот дел беа сменети целосните тимови. Рома дојде до 3-1 преку Анхелињо, а Окафор намали. Сепак, до крајот Дибала и Азмун ги поставија конечните 5-2.