Спектакуларен дочек со пиротехника и песна за Иван Ракитиќ во Сплит (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Иван Ракитиќ следната сезона ќе настапува за екипата на Хајдук, а во текот на попладнето тој пристигна во Сплит каде што навивачите му приредија спектакуларен дочек.

Прославениот репрезентативец првпат ќе игра во хрватското првенство, клубот го потврди тоа доцна синоќа. При првото доаѓање во Сплит како играч на Хајдук, Ракитиќ беше дочекан со пиротехнички средства, песни и скандирања.

Во кариерата Ракитиќ настапуваше за Базел, Севиља, Барселона и Ал-Шабаб, а никогаш не играл во ХНЛ. И покрај тоа што е деклариран навивач на Динамо, тој потпиша со Хајдук.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани