Фантастичен натпревар во Бундеслигата одиграа екипите на Волфсбург и Мајнц кој на крајот заврши со победа на домашниот тим од 4:3.
Голеадата започна во 11. минута кога Набел ги доведе гостите во водство, а Волсбург ги врати работите како на почетокто во 19. Сепка Букардт се погрижи Мајнц да има предност на паузата.
Волфбург вторпат до израмнување стигна во 58. минута кога Томас се запиша во листата на стрелци, но Набел со својот втор гол и третпат донесе предност за гостинскиот состав.
Волсбург не се откажа и во последните десетина минути со два гола на Винд направи целосен пресврт за победа и три бода.
⚽️GOAL🇩🇪 | Wolfsburg 4-3 Mainz | Wind
— Goals Xtra (@GoalsXtra) December 8, 2024
Comeback with Jonas Wind!pic.twitter.com/MeY5YrTHJf