Спектакл без победник во Милано: Интер и Јувентус одиграа натпревар за паметење! (ВИДЕО)

by Стефан
2 минути читање

Интер и Јувентус одиграа дерби за паметење во италијанската Серија А и ги поделија бодовите со резултат 4-4.

Не се памети кога последен пат сме гледале дерби како денешното во Италија, се играше отворено и како „без одбрани“. Шоуто започна по 15 минути игра кога Зјелински од пенал го совлада Ди Грегорио.

Само пет минути подоцна Душан Влаховиќ по асистенцијата од Мекени ги врати работите како на почетокот, а веќе во 27. минута преку Веа Јувентус дојде и до целосен пресврт.

Но, избраниците на Инзаги како да беа одлучни во намерата тие да водат на полувремето. Микхтаријан во 35. минута стрела за израмнување, додека две минути подоцна Интер доби нов пенал и повторно сигурен реализатор беше Полјакот Зјелински. „Нероаурите“ на пауза заминаа со предност од 3-2.

Возбудувањата продолжија во 53. минута кога Дафрис погодува за 4-2. Тијаго Мота во 61. минута се одлучи на теренот да ги испрати Јилдиз и Савона на местата на Веа и Фаџоли, а тие измени се покажаа како клучни.

Десет минути по влегувањето во игра Јилдиз со мајсторија во сопствена режија намалува на 43, додека во 82. минута го постигнува и својот втор гол за 4:4. 

По ова реми Интер останува втор со 18 бода, Јувентус е веднаш зад него со 17, додека Наполи е на врвот со 22 освоени бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани