125
Сандро Тонали вечерва го одигра првиот меч за Италија по суспензијата поради обложување на натпревари, тој беше фантастичен и еден од најзаслужните за големиот триумф во Франција.
Тонали имаше одличен меч, а по натпреварот стигнаа пофалби од селекторот Лучано Спалети.
„Можеме да кажеме дека конечно добивме фантастичен играч назад, Сандро Тонали“, вели Спалети.
„Тој беше неверојатен, не се сомневав дека ќе биде така“.
Италија го доби натпреварот со 3-1.