Со трансферот на Миленковиќ завршува и една неверојатна низа за српскиот фудбал во Фиорентина

by Стефан
1 минути читање

Денеска беше потврден трансферот на српскиот дефанзивец, Никола Миленковиќ во Премиер лигата.

Миленковиќ по цели седум години поминати во Фиорентина каде што прерасна во еден од најценетите стопери одлучи да се пресели во Англија каде што ќе го носи дресот на Нотингем Форест.

Овој трансфер е посебен и од причина што со неговиот трансфер се става крај на една неверојатна низа во клубот од Фиренца.

Имено, во редовите на Фиорентина се до заминувањето на Миленковиќ 18 години имало српски фудбалер. Низата би можела да продолжи само ако до крајот на преодниот рок рок некој српски фудбалер пристигне во Фиорентина и ја започне сезоната, но засега нема такви најави.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани