Со првиот направи селфи, а четвртиот го турна – Роналдо ги загуби нервите поради навивачите кои втрчуваа на терен (ВИДЕО)

by Стефан
2 минути читање

Огромни проблеми имаа редарите и обезбедувањето во вчерашниот натпревар на Португалија и Турција, дури четири навивачи успеаа да влезат на теренот. По завршувањето на средбата поради таквата сцени можеше повреда да заработи и Гонзало Рамош (ТУКА).

Сите сакаа да направат селфи со Роналдо, а му успеа само најмалиот кој прв го проби обезбедувањето. Младиот фан дојде до Роналдо, Португалецот расположено го пречека, направија селфи и си замина.

Но, сосема разбирливо не беше таков односот на Роналдо со четвртиот фан кој втрча на теренот кон него. Кога овој навивач дојде до Португалецот во финишот од средбата, асот на Португалија нервозно реагираше и го турна од себе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани