Со Мурињо секогаш е интересно: Натпреварот против Манчестер Јунајтед го најави во свој стил

by Стефан
1 минути читање

Вечерва се играат натпреварите од Лигата на Европа, а најголемо внимание привлекува средбата помеѓу Фенербахче и Манчестер Јунајтед, причина е Жозе Мурињо.

Мурињо во минатото го водеше и Јунајтед, па со интересна изјава го најави натпреварот. Додека беше во Јунајтед Сити ја освои титулата во Премиер лигата во сезоната 2017/2018, додека ЈУнајтед заврши како второпласиран.

Сега, „граѓаните“ се соочуваат со 115 обвиненија за кршење на финанискиот фер-плеј и ако обвиненијата бидат потврдени можат да им бидат одземени трофеи, а Сити е обвинет за кршење на правилата од 2009 до 2018 година.

„Како што знаете ја освоивме Лигата на Европа во 2017 година и завршивме втори во Премиер лигата. Мислам дека може да ја освоивме таа титула ако Манчестер Сити биде казнет, така и јас би го добил мојот бонус од договорот и медалот“, изјави во својот стил Мурињо.

Мурињо во кариерата Премиер лигата ја освои трипати и тоа како тренер на Челси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани