Шпанскиот ветеран Хоселу во редовите на Реал Мадрид пристигна на почетокот на сезоната кога клубот немаше време за вистински засилувања, но и затоа што Флорентино Перез не сакаше да троши астрономски суми во летото пред пристигнувањето на Килијан Мбапе.
Хоселу дадената шанса во Мадрид, клубот каде што играше и како јуниор и за кој навива ја историски на најдобар можен начин.
Постигна Хоселу 16 голови со кои е трет стрелец во Ла Лига, а најсилно блесна во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите против Баерн Минхен постигнувајќи два гола во завршницата за голем пресврт. Меѓутоа сето ова изгледа нема да биде доволно да остане во клубот и наредната сезона.
Имено, шпанскиот „Релево“ пренесува дека Реал Мадрид веќе го известил Хоселу дека наредната сезона во случај да остане ќе има многу помал простор за игра.
„Реал не го брка, но го потсетија дека летово значително ќе се засилат и дека за него најдобро бо било да пронајде средина каде што ќе игра повеќе“, пишуваат „Релево“.
Ќе потсетиме, во Мадрид сите се подготвуваат за пристигнувањето на Килијан Мбапе кој веќе потврди дека заминува од Пари Сен Жермен.