Состојбата на таткото на Јамал е стабилна, тој е надвор од животна опасност!

by riste
1 минути читање

Таткото на Ламин Јамал е надвор од животна опасност, неговата состојба е стабилна, но ноќта ќе ја помине во болница.

Помеѓу 21 и 22 часот ноќта, таткото на Ламин Јамал бил прободен со нож на паркинг во неговиот град Матаро.

Првичните информации беа дека тој се наоѓа во тешка состојба, но последните вести се дека тој е надвор од животна опасност, неговата состојба сега е стабилна.

Ноќта ќе ја помине во болница каде ќе биде надгледуван од медицински персонал, а во текот на утрешниот ден веројатно ќе биде пуштен.

Некои информации во Шпанија велат дека тој веќе е пуштен дома, но „Мундо Депортиво“ ги оценува тие како лажни и тврди дека тој ноќта ќе ја мине во болница.

Во меѓувреме полицијата веќе уапсила три лица кои се сомничат дека учествувале во тепачката во која таткото на Јамал неколкупати бил прободен со нож.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани