Состанок во ФИФА: Израел може да го снајде судбината на Русија

by Стефан
1 минути читање

Репрезентацијата на Израел може да се соочи со истата судбина како и Русија поради војната која е во Палестина.

Имено, според последните најави, Израел би можел да биде исфрлен од светскиот фудбал поради случувањата во Палестина. Во своето денешно издание британски „Телеграф“ пренесува дека во ФИФА закажале состанок на кој ќе се одлучува што со Израел.

Според информациите, засега барањето за исфрлање на Израел било потпишано од: Алжир, Ирак, Јордан, Сирија и Јемен.

Дел од мислењата кои преовладуваат во јавноста се дека би било дволично од ФИФА ако Русија добила забрана, тоа да не се случи со Израел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани