Оле Гунар Солскјер беше еден од клучните лица за враќањето на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед во 2021 година.
Сепак, сега Норвежанецот признава дека погрешил со изборот и дека не требало да го доведе Португалецот назад. Како причина за тоа посочи дека е неговиот карактер, со кој ја нарушил динамиката во соблекувалната.
Покрај тоа, Солскјер призна дека дури и да не дојдеше Роналдо, пак ќе им направеше проблеми бидејќи ќе завршеше во Сити и ќе дадеше многу голови.
„Тој е еден од најдобрите фудбалери во светот во последните 15 години. Играв со него и тој одигра феноменално за Јунајтед.Тој има историја со овој клуб. Кога заминуваше од Јувентус, не можевме да го пуштиме во Манчестер Сити. Верувам дека таму би постигнал повеќе голови од Ерлинг Халанд. Разговаравме и тој дојде кај нас. Мислам дека ја наруши динамиката во соблекувалната. Некои играчи почнаа да се чувствуваат помалку важни“, рече Оле.
Авантурата на Кристијано Роналдо не заврши славно, бидејќи тој се скара со тренерот Ерик тен Хаг и замина во Саудиска Арабија.