252
Бразилецот доби прекар од фудбалерите на Реал Мадрид, соиграчите почнаа да го викаат Боби, по Боби Чарлтон и има зошто.
Ендрик изјави дека Боби Чарлтон е еден од неговите најомилени фудбалери на сите времиња, а соиграчите не се штедеа да го искористат тоа како негов прекар.
Боби Чарлтон играл фудбал во 60тите и 70тите години, околу 40 години пред да се роди Ендрик, па јасно е дека тој не можел да го гледа. Ваквата негова чудна изјава му донесе прекрар.
Винисиус, Белингем, Родриго, Ридигер, Алаба, Куртоа… му искоментираа за погодокот тролајќи го со името Боби. Очигледно тој прекар ќе му остане во соблекувалната на Реал Мадрид.