245
Фудбалерите на Турција како да се претплатени на ефектни погодоци, бидејќи двата кои ги дадоа против Грузија беа вистински мајстории.
Прво се истакна Мерт Мулдур кој со страшен волеј погоди во аголот на грузискиот гол, а по него се истакна и големиот талент на Реал Мадрид – Арда Ѓулер. 19-годишната млада ѕвезда на Турција даде маестрален погодок во вториот дел против Грузија.
Ѓулер повлече топка од десно кон средината и се реши да шутне од 26 метри. Неговиот удар беше силен со 118 километри на час, но имаше и доволно ефе за да го погоди директно аголот на повторно немоќниот Мамардашвили.