Фудбалерите на Ливерпул перфектно ја отворија сезоната во Премиер лигата, имаат три победи во исто толку натпревари, а охрабрување плус по преодниот рок во кој доведоа само еден фудбалер е и победата над Манчестер Јунајтед од 0-3.
„Црвените“ во целост го надиграа својот лут ривал и триумфираа убедливо на „Олд Трафорд“, а тренерот Арне Слот беше презадоволен.
„Секој меч е многу значаен. Првиот ми беше важен дека ми беше деби во ПЛ, вториот ми беше прв на „Енфилд“. Ова ми беше првата голема победа. Момците покажаа во последните седмици дека можат напорно да работат. Бевме доминантни со топка и игравме со тројца на средината. Сепак, имаме уште за докажување бидејќи доаѓа Лигата на шампионите.
Ако на клупата имате играчи како Гакпо, Нуњез, Киеза… Тоа е потребно на ова ниво. Средината беше неуморна, тоа беше убаво да се види. Сега доаѓа интернационалната пауза, веројатно не во најдобар момент. Играчите одат со репрезентациите и распоредот е густ. Се надевам дека ќе водат сметка за себе“, изјави Слот.
Освен што победија и во третото коло, фудбалерите на Ливерпул уште еднаш забележаа меч без примен гол, па досега има гол-разлика 7-0.