Во Ливерпул изгледа направија одличен потег со доведувањето на Арне Слот како наследник на Јирген Клоп.
„Црвените“ играат одлично од почетокот на сезоната и во овој момент се на првото место со дури пет бодови пред актуелниот шампион, Манчестер сити. Но, клубот мора да размислува и за иднината.
Отворено е прашањето околу Мохамед Салах и раководството заедно со Слот веројатно размислуваат и за негова замена. Според последните информации од Островот, опција може да биде фудбалерот на Интер, Маркус Турам.
Наводно Слот го убедува раководството да потроши дури 85 милиони евра за 27-годишниот фудбалер кој игра се подобро во дресот на „нероаѕурите“.
Неговата откупна клазула во овој момент изнесува 85 милиони евра, а Ливерпул ја гледа својата шанса во платата бидејќи може да му понуди многу повеќе од сумата од шест милиони евра која ја има Турам во Интер.