Слован сепак беше пресилен, Струга елиминрана од квалификациите за ЛШ (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Македонскиот шампион Струга Трим Лум со уште еден пораз од Слован Братислава го заврши настапот во квалификациите за Лигата на шампионите.

Во првиот натпревар во Словачка, Слован славеше со 4:2, а денеска во Охрид како гости беа подобри со 1:2.

Уште на стартот гостите ја најавија победата кога Вајс на асистенција на Стрелец го отвори резултатот во деветтата минута. По половина час Слован веќе дојде и до 0:2. Повторно Стрелец изврши притисок врз Кире Ристевски кој си постигн автогол и го лобуваше сопствениот голман Дујмовиќ.

Во продолжение гледавме помирна игра, а Струга голот на утеха го постигна во завршницата преку Компаоре.

Струга европските квалификации ги продолжува против Пјуник во Конференциската лига и на 24. јули ерменскиот тим ќе гостува во Охрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани