374
Португалската супер-ѕвезда Кристијано Роналдо има шанса да стане апсолутен рекордер во светот на фудбалот.
39-годишникот е на прагот да го одигра својот 1226 натпревар во кариерата, а со тоа ќе стане светски рекордер. Во моментов Роналдо е на делба на првото место со пензионираниот бразилски голман Рожерио Сени, па само прашање на време е кога ќе го преземе приматот.
Следниот натпревар ќе биде рекорден за Роналдо, а бидејќи во моментов се наоѓа на краток одмор со семејството, се очекува да го скокне денешниот меч со Финска. Поради тоа, в сабота против Хрватска може да биде натпреварот во кој Кристијано Роналдо ќе сруши уште еден апсолутен фудбалски рекорд.