Славје во Сплит: Хајдук со сите проблеми го сруши Динамо на „Максимир“! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

И покрај сите проблеми со кои се соочува тимот на Хајдук избраниците на Џенаро Гатузо успеаа да слават во дербито против Динамо Загреб на „Максимир“.

Еден гол беше доволен да го одлучи хрватското дерби во кое Динамо создаде повеќе прилики, но изостана реализацијата.

Во првото полувреме Хајдук немаше ниту еден удар во рамките од противничкито гол, додека Динамо петпати се закани. Слична беше ситуацијата и во вториот, домаќините имаа поголема иницијатива, меѓутоа кога не ги искористија своите шанси стигна казната.

Моментот на одлука се случи на 20 минути до крајот кога Марко Ливаја ја погоди мрежата на Невистиќ.

Во четвртата минута од судиското продолжение Диало заработи втор жолт картон и беше исклучен, но веќе беше доцна за Динамо нешто да промени.

Со оваа победа Хајдук го прескокнува Динамо на табелата и сега има 14, бод повеќе од Динамо кој е второпласиран.

Aријан Адеми на теренот беше до 59. минута, додека Стефан Ристовски остана до самата завршница, а двајцата стартуваа од почетокот. Трајковски поради повредата заработена во националниот тим не беше ниту на клупата за резерви кај Хајдук.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани