Славниот швајцарски репрезентативец ќе биде нов спортски директор на Шкендија?

by 24 фудбал
1 минути читање

Тетовска Шкендија одново потфрли на евро-сцената, откако беше елиминирана во првото квалификациско коло на Конференциската лига. Ерменскиот дебитант Ноах двапати го победи македонскиот вицепрвак и тоа ги запали алармите во Тетово.

Тренерот Јетон Беќири не е загрозен, но според швајцарскиот медиум „Блик“ тимот ќе добие нов спортски директор. Причината поради која Швајцарците пишуваа за Шкендија е фактот дека на оваа позиција треба да дојде нивен славен репрезентативец.

Се работи за Адмир Мехмеди, човекот кој имаше завидна играчка кариера, а во националниот дрес на Швајцарија запиша 73 натпревари. Мехмеди како играч беше дел од Цирих, Франкфурт, Динамо Киев, Баер Леверкузен, Анталијаспор, а минатата година ја заврши кариерата.

Според најавите, Мехмеди треба да презеде оперативна улога во Шкендија како спортски директор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани