260
Леонардо Бонучи се реши дека е време да ги закачи копачките на клин и заминува во играчка пензија.
37-годишникот кој изминатата сезона ја мина во редовите на Унион Берлин и Фенербахче става крај на кариерата. Бонучи не успеа да се пронајде себеси по второто заминување од Јувентус, па реши дека е време да се повлече.
Во својата кариера Леонардо Бонучи освои девет трофеи во Серија А, четири во Купот и пет во Суперкупот, додека на репрезентативно ниво беше европски првак со Италија во 2020 година. Освен за Јувентус во Италијаиграше уште за Витербес, Интер, Бари, Џенова и Милан.