77
Некогашниот репрезентативец на Чиле Хорхе Валдивија е уапсен поради сомневање за сексуален напад.
Според информациите на медиумите Валдивија во четвртокот наутро бил пријавен од жена која наводно била нападната од него изминатата ноќ.
Пред полицијата Валдивија потврдил дека ја познава жената и дека имале однос, но дека тоа не било насилно.
„Не знам каков е мотивот и која е причината, демантирам дека сум повредил некого со насилни дејствија“, изјави Валдивија.
Во кариерата Валдивија дресот на Чиле го носеше на 79 натпревари.