Eкипата на Манчестер Јунајтед го има најлошиот старт во Премиер лигата, а сега „црвените ѓаволи“ се најдоа во центарот на вниманието поради скандал надвор од фудбалските терени.
Медиумите на Островот пишуваат за скандал кој според информациите се случил во натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Астон Вила.
Наводно, навивач поставил микрофон во соблекувалната со цел да го сними говорот на Тен Хаг до фудбалерите.
„Ова е шокантно кршење на правилата за безбедност и навистина е сериозно лошо што вакво нешто се случи. За среќа во инцидентот немаше некоја посебна намера. Во прашање е навивач на Манчестер Јунајтед кој сакал само да слушне што се зборува во соблекувалната. Но, тоа не е причина да нема грижи бидејќи останува прашањето како тој успеал да направи такво нешто“, изјави изворот за „Сан“.
Натпреварот помеѓу Јунајтед и Астон Вила заврши без победник 0:0.