Натпреварот од Третата лига во Србија помеѓу Дунав од Прахово и Тимок од Зјечар се најде во центарот на вниманието поради инцидентот кој се случи во 75. минута.
Глманот на гостинскиот тим Александар Јовановиќ незадоволен од судењето на помошникот Владимир Никодијевиќ ги загубил нервите, па дури и почнал да го дави судијата.
Причина за неговата ваква реакција е офсајдот кој го покажал Никодијевиќ поради кој бил поништен голот на неговиот тим. Откако добил црвен картон тој продолжил да го напаѓа и навредува судијата додека го напуштал теренот. Поради тоа арбитрот го прекинал натпреварот.
На сето тоа следувале и навреди од Бранимир Ѓорѓевиќ, слуѓбениот претставник на Тимок кој пцовки ги навредувал судиите.
Двајцата итно се суспендирани, но засега не е познато на колку време и наскоро треба да се донесе конечната одлука.