167
Екипата на Барселона на домашен терен славеше убедлива победа против Ваљадолид од 7:0, а стрелец во овој натпревар беше и Дани Олмо.
Олмо во листата на стрелци се запиша во 82. минута и за својот настап доби висока оценка од 8.2.
Пофалби за новото засилување имаа и навивачите на каталонскиот гигант кои се воодушевени од начинот на кој Олмо успеа да се ослбоди од противникот и да ја погоди мрежата.
Ќе потсетиме, Олмо ги пропушти првите кола од Ла Лига поради проблемите со регистрацијата, меѓутоа сега може комплетно да се посвети на играта на теренот и му оди одлично.