Синот на Симеоне го даде својот деби гол за Атлетико и го посвети на луѓето од Валенсија! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

21-годишниот Џулијано Симеоне го постигна првиот гол за Атлетико Мадрид кој славеше над Лас Палмас со 2-0.

Џулијано Симеоне доби шанса од самиот старт кај неговиот татко и ја искористи.

Во 37. минута тој постигна гол за водство на Атлетико Мадрид од 1-0. Погодкот го посвети на луѓето кои настрадаа од поплавите во Валенсија.

Конечните 2-0 ги постави Сорлот во 84. минута од натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани