Синот на Роналдињо има нов клуб

by Стефан
1 минути читање

Жоао Мендеш синот на легендата на бразилскиот фудбал, Роналдињо ја напушти Барселона и потпиша договор со англиски Барнли.

Во минатата сезона Барнли испадна од Премиер лигата и во сезоната која веќе ја започнаа ќе се обидат да се вратат во елитното друштво.

Синот на Роналдињо кариерата ја започна во Крузеиро, а потоа се пресели во Барселона од каде што заминува по нешто повеќе од една година.

Сезоната Барнли ја започна со победа од 4:1 против Лутон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани