17
Младиот стопер Лени Јоро се враќа во таборот на Манчестер Јунајтед и е на клупата за натпреварот против Арсенал.
Премиерлигашкото деби на 19-годишниот стопер може да се случи токму против тимот со кој летово се повреди во претсезонските тестови. Јоро тогаш заработи потешка повреда која досега го оддалечи од терените.
Симболично е дека Јоро сега ќе има шанса да заигра премиерлигашки фудбал токму со Арсенал.
Аморим го одбра да биде на клупата, првпат на официјален меч во дресот на „црвените ѓаволи“.