Силекс доведе црногорски играч за врска

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот прволигаш Силекс доведе уште едно засилување за новата сезона во ПМФЛ.

Нов член на тимот кој го води Александар Васоски е Никола Брауновиќ. Се работи за фудбалер од Црна Гора кој има и пасош на Малта. Тој има 26 години и игра на средината од теренот, а има дефанзивни карактеристики.

Во кариерата Брауновиќ има настапи за Моста, Сенглеа и Бокељ, а доаѓа од редовите на Балзан на Малта.

Силекс веќе ги промовира Тимовски, Додев, Донов, Јашароски, Тимовски и Кочоски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани