Албанскиот селектор, Силвињо е презадоволен од настапот на неговата репрезентација и покрај тоа што се елиминирани во групната фаза од Европското првенство.
Албанија немаше среќа во ждрепката па се падна со три гиганти како Шпанија, Италија и Хрватска. Албанците освоија еден бод, но се носеа со сите.
„Горд сум на моите фудбалери. Ова е само наше второ учество на првенство. Се носевме со три големи репрезентации“, вели селекторот на Албанија, Силвињо.
„Имав многу часови непреспиени размислувајќи на оовј турнир, но се натпреварувавме на високо ниво и Албанија може да биде горда. Можевме да примиме по 4-5 голови од вакви тимови, но не се случи тоа и горд сум“.
„Моите фудбалери дадоа се на теренот и ќе го паметат ова до крајот на нивните животи. Никој не не понижи. Игравме на високо ниво. Тие беа перфектни за мене, ова беше чисто злато“.
„Пред шест месеци луѓето велеа дека ќе примиме многу голови на Европското првенство. Но тоа не се случи. Имаме многу добри млади фудбалери. Албанија има одлична иднина. Не сакам да кажувам имиња, но Албанија има многу добри млади фудбалери и среќен сум за тоа“.