Абердин утре има нов куп натпревар, а тренерот Џими Телин зборуваше за ситуацијата на Бојан Миовски и вели дека е подготвен за игра.
На првиот куп меч за Абердин, Миовски не беше ниту во составот, на вториот беше на клупата, но не влезе во игра, утре веројатно ќе ги добие првите минути.
„Бојан ќе биде утре во составот. Се е исто како и минатата недела, тој ќе биде во составот и подготвен е да игра“, вели Телин.
„На почетокот тој не беше 100 проценти подготвен, но сега е комплетно спремен. Пред првиот куп меч разговаравме со него, многу работи се случуваа околу него, а потоа ситуацијата се смири малку и тој се фокусираше на тренингот, сега е подготвен да игра“.
Миовски силно се поврзуваше со Болоња, но италијанскиот клуб си најде друг напаѓач, за Македонецот сега најзаинтересирана е Џенова.