Реал Мадрид славеше победа со пресврт ОД 5:2 против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите, но по овој натпревар пристигнуваат лоши вести за „кралевите“.
Прво беше потврдено дека за натпреварот против Барселона, Анчелоти нема да може да смета на Родриго, меѓутоа сега пристигнуваат информации и дека Тибо Куртоа нема да може да биде голот.
Според информациите Куртоа се здобил со повреда на адукторот на левата нога и ќе мора да паузира одреден период, а засега не е познато колку.
Така во „Ел Класико“ на голот на „кралевите“ ќе биде Андреј Лунин кој и не се покажа како лош избор во минатата сезона кога Белгиецот беше повреден во најголем дел од сезоната. Сепак, тогаш Лунин бранеше константно и беше во натпреварувачка форма.