Се редат повреди: Крај на сезоната за уште еден фудбалер

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерот на Торино, Дуван Запата ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на коленото, објавија италијанските медиуми.

Запата кој е капитен на Торино мораше да биде заменет и изнесен од теренот во 84. минута од натпреварот против Интер.

„Прегледите покажаа дека Запата има поввреда на предниот вкрстен лигамент. Сите во клубот му посакуваме брзо враќање“, стои во соопштението.

Медиумите во Италија пренесуваат дека Запата надвор од терените ќе биде најмалку седум месеци што значи дека ќе се врати во мај наредната година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани