158
Загрижени навивачи на белградскиот гигант Партизан објавија снимки на и фотографии на социјалните мрежи на кои може да се види во колку лоша состојба е стадионот на црно-белите.
Како што може да се види во објавата на една од фан страните на Партизан делови од ѕидовите на стадионот буквално се распаѓаат.
„Само нека биде мермер во ложата за на крадците да им биде убаво“, стои во описот на објавата.
Инаку, снимките се направени пред натпреварот од седмото коло во Суперлигата во кој Партизан вчера одигра 0:0 против Војводина.